Јапонските власти побараа од раководителите на државните универзитети и регионалните службеници да не ги користат мапите преку апликацијата Google Maps на своите интернет страници, поради како што велат „погрешно напишаните имиња“ на географските поими, соопшти американската телевизија „Фокс“.
Главен аргумент на властите во Јапонија е тоа што на некои карти не се појавуваат јапонските називи на спорните територии, што се спротивни на официјалната позиција на земјата. Станува збор за островските групи, чувани од Јужна Кореја во Јапонското Море, неколку острови во Источното Кинеско Море и руските Курилски острови кои Токио ги нарекува „Северните територии”.