Јапонска фирма им дава на непушачите дополнителни шест дена одмор

Компанија од Јапонија им дозволува на своите вработени кои не се пушачи дополнителни шест дена одмор годишно, како компензација за паузите за пушење кои не ги прават.

Маркетиншката фирма Пиала Инк. го вовела новиот план во септември, откако непушачите се пожалиле дека работат повеќе од нивните колеги кои пушат.

Хиротака Мацушима, портпарол на компанијата, вели: „Еден од нашите вработени непушачи остави порака во кутијата за предлози на компанијата на почетокот на годината, велејќи дека паузите за пушење создаваат проблеми“.

После предлогот, извршниот директор на компанијата Такао Асука одлучил да им даде на вработените кои не пушат дополнително време за одмор за да ги задоволи нивните поплаки.

Компанијата се наоѓа на 29-тиот спрат во канцелариски блок згради, поради што секоја пауза за цигара трае најмалку 15 минути, според вработените.

Асука вели дека се надева дека планот ќе ги инспирира вработените да се откажат од пушењето.