Јапонска фирма ќе го отстранува отпадот од орбитата на Земјата

Отпадот од орбитата на Земјата ќе го отстранува јапонската стартап компанија за вселенски операции „Астроскала“ (Astroscale), која потпиша петгодишен договор од 73,4 милиони евра со јапонската агенција за истражување на вселената, пренесува Ал Џазира Балканс.

Тие ќе развијат ново вселенско летало наречено „ADRAS-J2“, кое ќе го опремат со технологија, поточно со роботска рака за фаќање вселенски отпад. Целта е да се започне со собирање отпад до март 2029 година, соопшти компанијата.

Вселенскиот отпад се повеќе станува ризик за тамошните мисиите, бидејќи бројот на сателити во орбитата вртоглаво се зголеми.

Најновиот случај во кој се зголеми ризикот од судир меѓу вселенски отпад и сателити беше предизвикан од кинеска ракета која се распадна во вселената на почетокот на август, создавајќи повеќе од 700 парчиња нов отпад што сега циркулираат во орбитата на Земјата.