Иднината во која работниците ќе ги заменат машини ќе стане реалност во осигурителна компанија во Јапонија, каде повеќе од 30 вработени биле отпуштени и заменети со систем на вештачка интелигенција кој може да ги пресметува исплатите на клиентите.
ukoku Mutual Life Insurance веруваат дека со тоа ќе порасне продуктивноста за 30 проценти и е видат враање на нивната инвестиција пред две години. Фирмата вели дека е заштедат околу 140 милиони јени годишно. Сепак, системот чини 200 милиони јени.
Јапонската популација се намалува, а е и се постара. Истовремено, јапонската индустрија на технологија е многу напредна, па државата е сосема погодна за тестирање на вештаката интелигенција.
Сепак, потегот е тешко дека ќе биде поздравен од 34-те вработени, кои од март ќе немаат работно место, пишува Guardian.
Системот е базиран на Watson Explorer на IBM, кој според производителот, поседува 2когнитивна технологија која може да размислува како човек“, што му овозможува „да ги анализира и интерпретира сите податоци, меѓу кои и неструктурираниот текст, слики, аудио и видео“.