Јапонска организација на преживеаните од атомските бомбардирања на Хирошима и Нагасаки Нихон Хиданкио ја доби Нобеловата награда за мир за нивниот активизам против нуклеарното оружје, јавува Евроњуз.
„Нобеловиот комитет сака да им оддаде почит на сите преживеани кои, и покрај физичкото страдање и болните спомени, избраа да го искористат своето скапо искуство за да негуваат надеж и ангажман за мир“, рече Јорген Ватне Фриднес, претседател на Норвешкиот Нобелов комитет.
BREAKING NEWS
The Norwegian Nobel Committee has decided to award the 2024 #NobelPeacePrize to the Japanese organisation Nihon Hidankyo. This grassroots movement of atomic bomb survivors from Hiroshima and Nagasaki, also known as Hibakusha, is receiving the peace prize for its… pic.twitter.com/YVXwnwVBQO— The Nobel Prize (@NobelPrize) October 11, 2024
Нобеловата награда за мир е признание за посебни заслуги во областа на обединувањето на народите, разоружувањето или намалувањето на светските или регионалните воени потенцијали, политичкото и друго образование како и одржувањето на мировни конференции.
Најмладиот добитник на Нобеловата награда за мир беше 17-годишната Пакистанка Малала Јусафзаи, додека најстариот добитник Јозеф Ротблат ја доби наградата на 86-годишна возраст.
Нобеловата награда за мир минатата година ѝ беше доделена на иранска активистка за човекови права Наргес Мохамади.