До редакцијата на Радио МОФ пристигнаа видео и слики од група на студенти кои во знак на протест поради неодамнешниот пожар во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ поставија неколку пораки во домот. Во описот на видеото е напишано:
Ова видео го изработи група на независни, загрижени студенти кои во знак на револт за лошите услови во неодамна опожарениот Студентски дом „Гоце Делчев“, поставија сатирични пораки со цел да ја испровоцираат студентската апатична маса.