„Јас сум Цако“ на Радио МОФ со министерката Мила Царовска

Дискриминацијата во македонското општество , жеините во политиката и измените во законите за социјална и детска заштита на кои работи Министерството за труд и социјална политика беа теми на разговор во полседната емисија годинава „Јас сум Цако“ на Радио МОФ во која гостуваше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

„Многу често се среќаваме со дискриминација во нашето општество“, вели Царовска.

Во емисијата министерката Царовска зборуваше за нејзината работа во невладиниот сектор, за проблемот со дискриминацијата со кој се соочила работејќи како социјален работник во Шуто Оризари, но и дека и самата била дискриминирана кога го напуштила граѓанскиот сектор и влегла во политиката.

Запрашана од Цако – дали жените не сакаат да се бават со полотика, Царовска вели„ Мислам дека сакаат, само треба да се создадат услови и да се поттикнат многу жени. Жените носат дополнителна вредност во политиката и партиите, могу се поотчетни, поработливи, помлку склони кон корупција. И во однос на донесување клучни, тие многу повеќе се занимаваат со мировни политики и преговори, отколку со насилна политика. Затоа треба да ги имаме жените во политиката“, децидна е Царовска.

Во емисијата Царовска говори и за воведувањето на персоналните асистенти кои ќе им помагаат на лицата со посебни потреби, како и за законските измени со кои треба да се подобри животот на овие лица.

Емисијата „Јас сум Цако“ е авторски проект на младиот Александар Матовски-Цако, кој како лице со Даунов синдром, целосно ги руши оптествените стереотипи за овие луѓе.  Емисијата се емитува секоја претпоследна среда во месецот, каде Цако става акцент на различни аспекти на животот на лицата со Даунов синдром и на лицата со попреченост во целина.

Целата емисија може да ја слушнете во продолжение: