Има ли некаква одговорност по основа на дискриминација за малата Ембла? Овој случај беше изолиран, или е еден од многуте во македонските училишта? Кој е коренот на дискриминацијата во школите? Треба ли поголема едукација за кадарот, подобри услови и буџети во училиштата, за тие да бидат промотори на инклузија, а не на дискриминација?
На овие прашања зборуваме во новата дискусија „Јасно и гласно“, овој пат со фокус на дискриминацијата во образованието за лицата со атипичен развој.
Соговорници се Исмаил Камбери од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, потоа Сузана Стојановска од Здружението „Доза среќа“ и мајка на дете со Даунов синдром, но и Данче Тодоровска, специјален едукатор и рехабилитатор од Здружението „Креатива Исток“.
Новинар: Бојан Шашевски