Согласно програмата на годишно ниво за клубот Учиме право, сакајќи да им го доближиме правото на сите оние млади и заинтересирани ученици, кои во иднина ќе бидат успешни правници, на нивно задоволсто во посета ни дојде Јавниот обвинител Деса Пауновска.
Јавниот обвинител ја објасни својата работа, особено во доменот на организираниот криминал и претстојната примена на Законот за кривична постапка и измените во овој Закон. Сите добиени информации беа од голема корист за членовите на клубот.
“Да се биде Јавен обвинител значи дека треба многу да ја сакате својата земја и својата професија“, рече Пауновска. Членовите на клубот ја сфатија сериозноста, но и љубовта што треба да ја имаат кон правната професија ако сакаат да бидат успешни во својата работа.
“Многу сме задоволни од посетата на Јавниот обвините, затоа што добивме увид во практичните работи, научивме нови работи и дознавме како се одвива обвинителската работа во пракса.” – Биљана Павлоска еден од членовите на клубот “Учиме право”.
“Од посетата на Јавниот обвинител дознав многу практични работи за улогата на Јавниот обвинител во кривичната постапка. Од сето тоа сфатив дека работата на Јавниот обвинител не е лесна” – Наташа Мановска.
Стевица Младеноски задоволно ни кажа дека работата на Јавниот обвинител изгледа тешка, но сепак дека во иднина би сакал да се види себе си како Јавен обвинител.
Пауновска уште еднаш го изрази своето задоволство што дел од нејзиното практично знаење и искуство го пренела на овие млади лица.
Успешноста на оваа средба недвосмислено може да се забележи од присутните учесници на ова предавање со лицата кои секојдневно го практицираат правото. Успешните вакви средби се голем мотив за понатамошна работа и помагање на младите луѓе успешно во иднина да пловат во правното море.
Бојана Благојевиќ – предавач на Учиме право клуб – Тетово