Општина Битола објави јавен повик за учество во програмата на десеттото издание на битолското културно лето „БитФест 2015“ кое ќе се одржува од 25 јуни до 24 август.
Од локалната самоуправа информираат дека подготовките за годинешниот „БитФест“ почнуваат порано заради јубилејот на манифестацијата.
„Предлагачи на програмските содржини може да бидат институции, здруженија на граѓани, неформални групи и поединци со проекти од музичко и музичко сценската, театарската, ликовната, видео, фото, филмската, литературната, фолклорната, како и новите уметности. Предлозите може да се испраќаат најдоцна до 11 мај, а потоа изборот ќе го врши посебна стручна комисија“ појаснуваат од општината.
Минатата година на „БитФест 2014“ се одржаа рекордни 270 културни настани и манифестации во период од 60 дена, а годинава организиторите имаат за цел да го надминат рекордот за што ќе биде обезбeдена домашна и странска културна понуда.