Утре со почеток од 19 часот на амфитеатарот во градскиот парк, Општина Гостивар организира јавна дебата во врска со депонијата Русино.
Како што најавуваат оттаму, на јавната дебата ќе биде присутен градоначалникот на Општина Гостивар, претставници на Центарот за развој на Полошкиот плански регион, преставници на Министерство за животна средина и просторно планирање и претставници на EAER/SECO.
„Ве молиме да ги почитувате препораките за заштита од COVID-19, со тоа што ќе носите заштитни маски на јавната дебата. Приклучете се, да размениме мислења и да најдеме заедничко решение за проблемот со депонијата Русино, кој е заеднички проблем на сите нас“, стои во најавата за настанот.
Стотици револтирани граѓани претходно излегоа на протест поради депонијата, на која велат дека се носи ѓубре од вкупно девет општини во околината.
Од иницијативата „Стоп Русино“ побараа да сопре горењето на депонијата, да се прекине со носењето ѓубре таму и да се најде нова локација, поради, како што велат, Русино е преполно и нема веќе место за ѓубре. Тие побараа институциите да почнат да делуваат, во спротивно, изјавија дека ќе го стопираат носењето ѓубре на депонијата.
Стотици граѓани вчера излегоа на протест поради депонијата Русино која од ноќеска повторно гори