Универзитетското студентско собрание при УКИМ повикува на приклучување кон јавната дискусија по повод измените во Законот за субвенциониран студентски оброк.
Законот, кој стапува на сила на 15 септември оваа година има потреба од измени и приспособување според моменталната состојба, велат оттаму.
Во четврток, на 6 мај, ќе се одржи јавна дискусија за измените во законот, а на дискусијата се поканети сите студенти, средношколци, младински организации и организации за млади, МОН, како и подмладоците на политичките партии, кои на дебатата би го дале своето мислење во врска со потенцијалните измени на законот.
Сите заинтересирани за учество на јавната дискусија може да ја проследат тука.