„Улогата на подмладоците на политичките партии во Националниот младински совет”е тема на десеттата и последна јавна дискусија за основање на Национален младински совет која ќе се одржи во петок, на 10-ти мај Домот на Хуманитарни организации – Даре Џамбаз. Почетокот на дискусијата е закажан за 11 часот, а настанот ќе претставува сумирање на консултативниот процес од страна на Иницијативниот одбор кој започна во месец февруари и поттикнување на дискусија за улогата на подмладоците на политичките партии во НМС.
На дискусијата се поканети претставници на невладиниот сектор, претседателите на партиските подмладоци, меѓународни фондации како и релевантните државни институции.
Иницијативниот Одбор за основање на Национален Младински Совет е тело составено од 16 невладини организации. Одборот беше формиран за време на деновите на младинско вмрежување минатат година во Дојран каде што учество земаа 36 младински организации и организации за млади коишто заедно ја поставија основната предлог структура на идниот Совет.
Иницијативниот одбор го доби мандатот да ја разработи и усоврши, како и да го подготви Основачкото Собрание.