Jавна трибина во организација на Македонската платформа против сиромаштија (МППС) се одржа вчер а (15 февруари) во Скопје. На трибината беше преставено истражувањето кое се спроведува во рамките на проектот „Минимален достоинствен приход во Р.М.
Мимоза Вујошевиќ од МППС ги престави резултатите од анализата за одредување на индикаторите за минимален достоинствен приход во Република Македонија. Клучните индикатори од истражувањето се дека над 33% од учесниците се невработени и живеат без никаков месечен приход. Невработеноста, ниската законски утврдена минимална плата, нискиот износ на социјална помош и социјална исклученост на овие лица се главните индикатори на сиромаштијата според мислењата на граѓаните дадени во фокус групите. Во истражувањето учествувааа вработени, невработени лица, социјални случаи, самохрани родители, малцински заедници, лица со посебни потреби и други форми на социјално исклучени лица. Истражувањето беше спроведено со користење на фокус групи во 8 градови во Македонија и тоа Берово, Свети Николе, Струмица, Неготино, Прилеп, Битола, Тетово и Скопје.
На трибината присуствуваше и Sian Jones од Европската мрежа против сиромаштија, кога ги посочи европските искуства во врска со оваа проблематика. Таа истакна дека повеќето европски земји го имаат регулирано овој проблем и упати препорака до сите заинтересиани страни да лобираат да се реши ова прашање.
Македонската платформа против сиромаштија го спроведува ова истражување во рамките на проектот „Зајакнување на граѓанското учество во законодавниот процес“, поддржан од Националниот институт за демократија(НДИ) и Европската мрежа против сиромаштија (ЕАПН).
На трибината присуствуваа преставници од невладини организации, од Собранието на Р.М и од Министерството за труд и социјална политика, како и универзитетски професори.
Бобан Костадиновски