Во сабота (30 јануари 2016) во 11:30 часот во хотел „Ривиера“ во Охрид започнува серијалот јавни дебати „Заслужуваме подобро образование!” организиран од здруженијата Центар за меѓуетничка толеранција и бегалци и Просветни работници Македонија.
Првата јавна дебата е посветена на состојбата и квалитетот на учебниците и учебните помагала во основното и средното образование во Македонија и носи наслов „До кога со стари учебници?”.
Воведни обраќања ќе презентираат:
– Ристо Николески, професор во средно гимназиско образование;
– Марија Чанова, педагог;
– Христијан Зафироски, матурант;
„Ги покануваме и охрабруваме сите просветни работници, ученици средношколци, студенти, родители и други заинтересирани граѓани да учествуваат на јавните дебати и преку дискусија да придонесат кон споделување идеи за подобро образование, какво што заслужуваат младите генерации“, велат организаторите на јавните дебати.
Во рамки на серијалот, јавни дебати ќе се одржат и во Делчево, Битола, Куманово и Скопје.