За време на трите дена од продолжениот викенд од денеска до понеделник (29 до 31 март) поради верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред, соопштија од ЈСП Скопје.
Во сабота билетарници и центри за персонализација ќе работат со вообичаеното работно време, а во недела дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар и Зелен пазар. Во понеделник дежурни ќе бидат тие на Транспортен центар, Зелен пазар, Автокоманда (Дирекција на ЈСП Скопје) и Ѓорче Петров.
„Жичницата на 29.03.2025 год. (сабота) и 30.03.2025 год. (недела) ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а на 31.03.2025 год. (понеделник) Рамазан Бајрам, вообичаено како и секој понеделник нема да работи. Жичницата од вторник (01.04.2025 год), ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот“, соопштија од ЈСП.
Согласно со Одлуката за возен ред во месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот.