Јавните личности со порака „Кажи НЕ на хомофобијата и трансфобијата“

Голем број јавни личности од земјава застанаа во поддршка на ЛГБТ заедницата и порачаа НЕ на хомофобијата и трансфобијата.

Јавните личности со порака „Кажи НЕ на хомофобијата и трансфобијата“

Тие се дел од јавната и медиумската кампања „Кажи НЕ на хомофобијата и трансфобијата“ која како проектна активност на Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата има цел да го поттикне граѓанскиот ЛГБТИ активизам и учество во борбата против хомофобијата и трансфобијата, да ја зголеми солидарноста и поддршката на ЛГБТИ лицата во борбата за нивните права, како и да ги мобилизира медиумите, граѓанските здруженија и граѓанското општество во пошироката кампања за човекови права.

Јавните личности со порака „Кажи НЕ на хомофобијата и трансфобијата“

Граѓанските организации се гледаат себе си повеќе во улога на јавни едукатори, посочуваат од Мрежата од каде укажуваат дека точните информации се првиот чекор во подигнувањето на јавната свест, но за чекор потаму е потребно инволвирањето на медиумите и нивното влијание на креирањето на јавното мислење и поттикнувањето дебата.

3

Кампањата ќе вклучува поставување банери на веб страниците на медиумите и билборди во Скопје, а во текот на мај ќе се лансираат и останатите содржини од оваа кампања кои ќе бидат достапни на пошироката публика за споделување на социјалните мрежи и нејзино вклучување во ширењето на пораката „Кажи НЕ на хомофобијата и трансфобијата“.

4