Јавното обвинителство ги поканува на средба сите претставници на семејствата на жртвите кои настрадаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во текот на утрешниот најавен протест, пренесува новинската агенција Мета.
Од обвинителството на средбата би сакале подетално да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка, каде што од семејствата би добиле повеќе информации.
Доколку кај блиските на жртвите постои таков интерес, тие можат да определат свои претставници (најмногу по еден член од семејство на секоја од жртвите) кои ќе остварат средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и обвинителите кои постапуваат во предметите.