Јога сесија на 17 август на „Cult+Alt+Repeat“

Во среда (17 август) со почеток во 19 часот во дворот на Младинскиот образовен форум (МОФ) и Радио МОФ ќе се одржи јога сесија и медитација со Весна Видовиќ Петков, која е сертифицирана хата јога инструкторка. Настанот е дел од културното лето „Cult+Alt+Repeat“.

Видовиќ Петков ја открива својата љубов кон јогата во тинејџерските години, а за јогата вели дека е дисциплина каде што се вежба духот и се пронаоѓа внатрешниот мир.

„Во средина на работната недела, ви нудиме можност да дојдете повторно во дворчето на МОФ и Радио МОФ и да се опуштите со јога сесија, да ја отфрлите негативната енергија и да уживате во медитациите. Ве очекуваме на уште настан на МОФовското Културно лето со јога мат и добра енергија!“, стои во најавата за настанот.

Културното лето трае до 31 август и се најавени повеќе културни настани во следните денови.