Цитат и слика на нацистичкиот политичар и министер за пропаганда Јозеф Гебелс беа 10 часа поставени на Фејсбук-страницата „Правен факултет „Јустинијан Први“ – политички студии“. Цитатот кој според администраторите заслужувал простор на оваа страница е од книгата „Политички говори“ на Гебелс и гласи:
„Ризикот е претпоставка за секоја голема победа. Колку нацијата е подисциплинирана, толку ризикот е помал. Еден воен одред кој маршира збиено, може да ги надмине и најтешките пречки. И спротивно – кога група луѓе дејствуваат раздвоени, секој за себе, нема да може да постигне ништо, па дури и да се цела дивизија.“
Факултетот преку соопштение на својата веб-страница се огради од сите објави во негово име на социјалните мрежи и соопшти дека единствено официјално гласило на „Јустинијан Први“ е веб-страницата pf.edu.mk.
Јозеф Гебелс бил еден од најблиските соработници и најпосветените следбеници на Адолф Хитлер. Тој бил познат по неговите жестоки говори и изразениот антисемитизам, а се смета и за творец на нацистичката пропаганда.
Спорната објава со цитатот и фотографијата на Гебелс по десет часа беше симната од ФБ-страницата „Правен факултет „Јустинијан Први“ – политички студии“. Инаку, на истата ФБ-страница, две и пол години (до вчера, 02.02.2013, кога беше симната), стоеше и слика на Адолф Хитлер, без никакви дополнителни објаснувања: