ЈСП ги засилува мерките сите патници кои без билет се возат во скопските автобуси. Тие ќе треба да платат 75 евра доколу бидат откриени од страна на контролорите.
Директорот на ЈСП Мишо Николов, за весникот „Вест“ вели дека пред да се изрече казнената мерка, на патникот му се дозволува да плати казна од 300 денари на самото место или во рок од осум дена кога го направил прекршокот.
„Доколку патникот не го плати бараниот износ и во дополнителниот рок од осум дена, поднесуваме предлог за поведување прекршочна постапка до МВР, по што прекршочната комисија задолжително изрекува глоба од 50 евра, плус 25 евра за трошоците за прекршочна постапка, на товар на патникот“, вели Николов.
Истовремено од ЈСП најавуваат засилени контроли во градските автобуси.