Автобусите во четврток, кога се одржува Министерскиот совет на ОБСЕ ќе возат по саботен возен ред, а жичарницата ќе функционира вообичаено, соопштија денеска од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).
Во среда пак, јавниот превоз ќе сообраќа вообичаено, по зимен делничен возен ред.
Сите билетарниците и центри за персонализација во среда ќе работат од 6:30 до 13 часот, а во четврток нема да работат воопшто.
Жичарницата и во среда и во четврток, како што посочија од ЈСП ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.