Јавното сообраќајно претпријатие Скопје најави бесплатен превоз и ноќни линии за време на манифестацијата „Бела ноќ 2021“.
Оттаму велат дека бесплатното користење на јавниот превоз ќе биде дозволено од утре, сабота (25 септември), од 18 до 5 часот во недела. Дополнително, соопштија дека во функција ќе бидат и дел од ноќните линии, односно линиите 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57 и 65В.
Ноќните линии ќе сообраќаат по следниот возен ред:
–ЛИНИЈА 2 (Автокоманда – Сарај)
Поаѓање од Автокоманда 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч
Поаѓање од Сарај 01 ч, 02.30 ч, 04 ч
–ЛИНИЈА 5 (Дексион – Ново Лисиче)
Поаѓање од Дексион 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч
Поаѓање од Н.Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 04 ч
–ЛИНИЈА 7 (Карпош 3 – Горно Лисиче)
Поаѓање од Карпош 3 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч
Поаѓање од Г.Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 04 ч
–ЛИНИЈА 22 (Тр.центар – Лепенец)
Поаѓање од Тр.центар 00.15 ч, 02 ч, 03.15 ч
Поаѓање од Лепенец 01.25 ч, 02.40 ч, 04.10 ч
–ЛИНИЈА 24 (Припор – Тафталиџе 2)
Поаѓање од Припор 01 ч
Поаѓање од Тафталиџе 2 00.15 ч
–ЛИНИЈА 41 (Тр.центар – Д.Лисиче)
Поаѓање од Тр.центар 00.20 ч, 01.45 ч, 03.15 ч
Поаѓање од Д.Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 03.50 ч
–ЛИНИЈА 50 (Кл.центар – Хиподром)
Поаѓање од Кл.центар 00 ч, 02 ч, 03 ч
Поаѓање од Хиподром 01.30 ч, 2.30 ч
–ЛИНИЈА 57 (Козле – Радишани)
Поаѓање од Козле 00.15 ч, 01.30 ч, 03 ч
Поаѓање од Радишани 00.55 ч, 02.15 ч, 03.35 ч
–ЛИНИЈА 65 В (Тр.центар – Стајковци)
по траса на линија 5 во 00.10 ч од Рекорд до Н.Лисиче
Поаѓање од Тр.центар 00.45 ч до Стајковци
Поаѓање од Стајковци 01.20 ч до гаража во Автокоманда
Инаку во сабота ќе се одржи седумнаесетото издание на „Бела Ноќ“. Целосната програма за овогодишното издание е достапна тука.