Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска соопшти дека се активира мерката бесплатен јавен превоз, поради загадениот воздух, односно надминувањето на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри.
„Мерката започнува да се применува од 26.12.2022 година, па се до завршување на алармантната состојба, што ќе биде објавено од надлежното министерство согласно резултатите од државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух“, велат од ЈСП Скопје.
Инаку, за време на викендот во Скопје, Кичево, Кавадарци, Кичево, Струмица и Гостивар на сила стапија препораки и мерки поради загадениот воздух.
Но, од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска соопштија дека во градовите Гостивар, Кичево и Кавадарци е прекинат прагот на алармирање.
„Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 25.12.2022 година, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3 и епизодата од два последователни дена е прекината во Гостивар, Кичево и Кавадарци. За овие градови престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање“, соопштија од МЖСПП.