ЈСП-Скопје ги пушти линиите „100“ и „200“ кои ќе возат до Саемот на книга

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информираше дека од денеска (4 мај) до 10 мај во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени привремените линии „100“ и „200“ кои ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“ каде ќе се одржува Саемот на книга 2023.

Линијата „100“ сообраќа од Ново Лисиче, додека линијата „200“ од Дексион.

Од ЈСП – Скопје велат дека и двете линии се воведени за полесен пристап на посетителите на Саемот на книгата.

Цените на автобуските билети се редовни, според официјалниот ценовник на ЈСП Скопје, како за користење на сите линии.

ТРАСИ НА ДВИЖЕЊЕ:

ЛИНИЈА „100“

(Н.Лисиче – СЦ “Борис Трајковски”)

Улица „Февруарски поход“, булевар „В.С.Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „К.Ј.Питу“, булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“, улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

ЛИНИЈА „200“

(Дексион – СЦ „Борис Трајковски”)

Улица „Црногорска“, улица „Кузман Шапкарев“, улица „Ѓорче Петров“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

ВОЗЕН РЕД:

ЛИНИЈА „100“

Од Ново Лисиче: 11 ч, 12.20 ч, 13.40 ч, 15 ч, 16.20 ч, 17.40 ч.

Од СЦ „Борис Трајковски“: 11.40 ч, 13 ч, 14.20 ч, 15.40 ч, 17 ч, 18.20 ч.

ЛИНИЈА „200“

Од Дексион: 11.20 ч, 12.40 ч, 14 ч, 15.20 ч, 16.40 ч, 18 ч.

Од СЦ „Борис Трајковски“: 12 ч, 13.20 ч, 14.40 ч, 16 ч, 17.20 ч, 18.40 ч.