Од ЈСП Скопје ги потсетуваат студентите ги исполнуваат условите за користење на годишен студентски билет за бесплатен јавен превоз дека уште неколку дена имаат право на бесплатен превоз со незаверен, односно непродолжен билет за 2022 година.
„Од 1 март, секој студент од посочената категорија, доколку не поседува уредно заверен/продолжен билет, во случај на линиска контрола, ќе добие записник (казна), доколку не поседува друг тип валиден билет“, велат од јавното претпријатие.
Оттаму нагласуваат дека единствен валиден документ за користење на бесплатниот превоз е уредно заверен/продолжен билет за тековната година, не се признаваат индекс, потврда за студент и слично.
️Право на користење на билетот имаат сите редовни студенти на државните факултети во Скопје до додипломски студии, без ограничување на возраста.
ЈСП го продолжи рокот за заверување на студентските скопски картички