ЈСП: Неделен возен ред на јавниот превоз во вторник

Поради државниот празник на 24 мај – Денот на сесловенските просветители и учители, во вторник јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а дежурни ќе бидат три билетарници, информираше денеска Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје.

Оттаму велат дека од 7 до 13 часот и 30 минути ќе работат билетарниците на Транспортен центар, Зелен пазар и билетарницата во Ѓорче Петров.

Истовремено, оттаму велат дека жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, но и дека во понеделник објектот нема да работи.

Целосниот возен ред може да се прегледа на следниов ЛИНК.