Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП) информира дека од утре, среда (1 септември) поради почетокот на учебната година и очекуваната поголема фрекфенција на корисници на јавниот превоз, во сообраќај ќе бидат вклучени зголемен број автобуси.
Автобусите ќе сообраќаат по делничен возен ред, односно јавниот превоз ќе го опслужуваат зголемен број на возила во споредба со изминатите неколку месеци.
„Од утре, повторно ќе важат бесплатните годишни средношколски билети за користење на јавниот превоз. Билетите ќе бидат активирани системски, односно учениците немаат потреба од посета на продажните места на ЈСП Скопје. Учениците од прва година средно образование ќе добијат на користење времени (хартиени) билети за бесплатно користење на превозот, кои ќе им бидат дистрибуирани преку училиштата“, велат од ЈСП.
Тие потсетуваат дека и натаму времено е укината одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.
ЈСП Скопје апелира до сите корисници на јавниот превоз да ја почитуваат одлуката за користење на заштитна маска при користење на превозот.
Возниот ред е достапен на веб страницата www.jsp.com.mk.