ЈСП со две нови автобуски линии за Саемот на книга

Од денеска, среда (4-ти мај) до понеделник (9-ти мај), од ЈСП – Скопје информираа дека ќе бидат вклучени две привремени автобуски линии кои ќе сообраќаат до Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Станува збор за линиите 100 и 200, првата ќе сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион. И двете линии се воведуваат за полесен пристап на посетителите на Саем на книга 2022 год, кој ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“.

ТРАСИ НА ДВИЖЕЊЕ:

ЛИНИЈА 100 (Н. Лисиче – СЦ “Борис Трајковски”)

*Улица „Февруарски поход“, булевар „В.С.Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „К.Ј.Питу“, булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“, улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, Арена „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса

ЛИНИЈА 200 (Дексион – СЦ „Борис Трајковски”)

* Улица „Црногорска“, улица „Кузман Шапкарев“, улица „Ѓорче Петров“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса

Од јавното претпријатие велат дека цените на автобуските билети се според официјалниот ценовник на ЈСП Скопје, а возниот ред е достапен на нивната веб-страна.