Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, информира дека утре (31 јули) дел од автобуските линии ќе сообраќаат по неделен возен ред, додека во понеделник сите линии ќе бидат во таков возен режим.
„Ве информираме дека утре, петок (31.07.2020 год) поради муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам, линиите 11, 11А, 47А, 55, 55Б, 56, 56А и 160 ќе сообраќаат по неделен воен ред, останатите и натаму ќе возат по саботен возен ред.
Во понеделник (3.08.2020 год), поради државниот празник Илинден (Ден на Републиката), сите линии од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред“, соопштија од ЈСП – Скопје.
Од претпријатието информираат и дека во понеделник, дежурни ќе бидат три билетарници. Од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од 7 до 13 часот.