Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информира дека жичарницата на Водно од месецов работи до 20 часот, односно 2 часа повеќе од изминатиов период.
Објектот со работа почнува во 10 часот.
„Посоченото работно време важи во период мај – септември. Од 19 – 19:30 часот е последното возење од доле нагоре, додека во 19.45 часот е последното возење од горе надоле“, соопштува ЈСП.
Од таму посочуваат дека возниот ред на автобуската линија 25 (Транспортен центар – Средно Водно) е усогласен со важечкото работно време на Жичарницата.
Возниот ред е достапен на веб-страната.