Радио емисија Поларис, која оди во етерот на Радио МОФ и се бави со разни тематики од областа на научната фантастика, фантазијата и хоророт прославува еден мал јубилеј. Утре (28-ми февруари), со почеток во 20:30 часот ќе се емитува 100-та епизода на Поларис, емисија која веќе четири години потхранува со информации и осврти од областа на непознатото, фантастичното и страшното.
За таа цел, јубилејната стотка ќе помине целосно во знакот на „Ghost In The Shell“, легендарниот манга серијал на Масамуне Широу, кој се здоби со статус на бесмртност со анимираната адаптација на Мамору Ошии во 1995 година, а од тогаш се направени неколку анимирани филмови и серии, како и со играна филмска адаптација на Руперт Сандерс во 2017 година.
Затоа, не заборавајте да направите cyberjack на radiomof.mk оваа среда, во 20 и 30 часот, бидејќи длабоко ќе навлеземе во историјата, суспензијата, трилерот и филозофијата на се што е Ghost In The Shell“.