Одделот Мултимедија и предметот Фотографија во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје прославуваат јубилејни 10 години постоење.
По тој повод, од училиштето информираат дека се организира изложба на дела која ќе биде отворена во среда (27 декември) во 20 часот во галерија „Лазар Личеноски“.
„Креирање на ликовни дела преку фотографскиот објектив или со дигитални алатки одамна е составен дел од мозаикот на ликовното творештво. Успехот на нашите ученици целосно ја оправда потребата да се воведе одделот Мултимедија (Дигитална уметност / Анимација / Видео и Звук) и заедно со предметот Фотографија станаа основа за успешно соочување со предизвиците на современата уметност на досегашните, но и на идните генерации во училиштето“, се вели во соопштението.
Изложбата ќе биде отворена за посета до 29 декември.