„30 години читаме со задоволство”, е слоганот на овогодинешниот, јубилеен Саем на книгата.
Во организација на Скопски саем, под покровителство на Министерството за култура на РМ, годинава настанот ќе се одржува од 3 до 9 мај, во ВИП Арена Борис Трајковски.
Саемот ќе понуди изложување на дела од:
· домашни и странски автори;
· современи и класични литературни дела;
· стручна, научна и белетристичка литература;
· енциклопедии;
· дела од областа на културата и уметноста;
· книги за млади и деца;
· учебници и училишни прирачници и галантерија;
· современа опрема и прибор за училишта, факултети, просветни и истражувачки институти.
На саемот ќе учествуваат значајни издавачки куќи од замјата, но и изложувачи од регионот.
По повод јубилејното издание на Саемот за книгата, влезот за сите групни посети на ученици ќе биде бесплатен.
Работното време на саемот е од 10:00 до 20:00.