Во книжарница „Илика“ од 15 до 17 јули ќе се одржи „Јулски вечери на архитектурата“, тридневен вечерен настан кој ќе се стави фокус на дипломските и магистерските трудови на сите архитекти кои што завршиле во последните 5 години и кои го имаат разработувано Скопје.
„Целта на овој настан е да даде видливост на иновативните, креативните и свежите погледи и идеи за Скопје. Магистерските трудови многу често се длабоки, искрени, неоптеретени од финансиски проблеми, наивни и правилни. И покрај тоа, ретко пошироката јавност, па и самите архитекти можат да се запознаат со истите“, стои во најавата за настанот во организација на МЕЛЕЕМ Скопје.
Од таму потенцираат дека ова е одличен простор младите архитекти да се презентираат себе и својата работа пред повозрасните колеги и останатите заљубеници во архитектурата.