Човек маскиран во остриги е најпопуларното видео на „Јутјуб“ за 2017 година. Маскираниот изведувач се натпреваруваше во музичкото шоу „Маскираниот пејач“ со песната „Until We Will Become Dust“. Видеото има над 182 милиони прегледи.
Јутјуб ги одреди своите најпопуларни видеа според времето за кое биле погледнати, споделувани, коментирани, допаѓани и други слични категории. Во продолжение, погледнете ги останатите највирални видеа кои се појавија на интернетот годинава.
Верзија од песната „Shape of you“ на Ед Ширан која е одиграна од неколку девојки.
Седум минути и 16 секунди неверојатна снимка со табла за пинг-понг.
12-годишната вентрилоквист (луѓе кои можат да зборуваат од стомакот, без отворање на устата) која настапуваше на шоуто „Америка има талент“.
Ед Ширан повторно се појавува на листата, но овојпат со неговиот настап во шоуто „Carpool Karaoke“ на Џејмс Корден.
Настапот на Лејди Гага на Супербол.
Хумористично читање на усни од инаугурацијата на Доналд Трамп.
20-минутно видео од сите значајни научни и општествени студии.
Анимираното видео „In a heartbeat“, за момче кое се соочува со фактот дека е геј.
За крај, видеото кое ја обележа годината, а тоа е интервјуто во живо на професорот за Би-Би-Си, кое беше прекинато од неговите деца.