Гувернерката на Јужна Дакота потпиша исклучувачки закон кој забранува транс жените и транс девојчињата да се бидат дел од женските спортски тимови, пренесува „Индипендент“.
Јужна Дакота ќе биде десеттата држава во САД што ќе воведе забрана од ваков тип. Иако законот треба да стапи на сила од 1 јули, се очекува тој да биде пресретнат со правни пречки.
Претходно вакви закони беа стопирани во Ајдахо и Западна Вирџинија од страна на федералните судии.
„Овој закон беше важен приоритет за многу луѓе кои ме поддржуваат. Со законот, ќе се осигураме дека атлетичарките ќе добиваат фер третман при спортувањето на универзитетско и професионално ниво во Јужна Дакота“, изјавила гувернерката при потпишувањето на законот.
Републиканската гувернерка во 2021 година стави вето на сличен закон, бидејќи се плашела од правни последници. Тогаш таа изјавила дека законот бил напишан на несоодветен јазик што ја става државата под ризик од судски спор од Националната комисија за агенции за сертификација (NCAA).
Сепак, подоцна во март 2021 година, таа поднесе две наредби со кои учеството во женските спортски тимови се ограничува само на оние кои се родени како женски лица.
Атлетската организација на државниот колеџ, наводно, усвоила индивидуален пристап што му дозволува на националното раководно тело на секој спорт одделно да ја одреди својата политика поврзана со учеството на транс лицата во спортските тимови.
Спорниот закон беше критикуван од опозицијата дека е исклучувачки кон трансродовите лица.
„Во време кога младите се соочуваат со невидена потреба за поддршка, поразително е да се гледаат политичарите како измислуваат нови начини да ги исклучат“, изјавил Сем Ејмс, директор на невладина која се бори за поголема застапеност на ЛГБТИ+ лицата.
Во вторникот, Јужна Дакота, исто така усвои нацрт-закон со кој студентите треба да користат бањи и соблекувални според полот во кои се родени.
Истражувањата покажуваат дека повеќе од две третини од ЛГБТИ+ младите имале негативни последици по менталното здравје додека ги сведочеле дека дебатите за државните закони кои ги таргетираат трансродовите лица.
„Дискриминаторскиот закон го потхранува насилството врз трансродовите лица, кое расте со голема брзина. Во 2021 година, најмалку 53 трансродови или родово неутрални лица биле смртно застрелани или убиени со други насилни средства“, велат од Кампањата за човекови права, која го следи насилството врз заедницата од 2013 година.