Јужна Каролина вчера се доближи кон воведување стрелачки одред во методите на егзекуција, во време кога владее недостаток на смртоносни коктели за извршување смртна казна со инјекција.
Долниот дом на парламентот на таа држава на американскиот југоисток усвои закон со кој на осуденикот на смрт му се дава избор помеѓу стрелачки одред и електрична столица, доколку нема смртоносни коктели за инјекции.
Законот треба да биде поддржан од горниот дом на парламентот, во кој има доволно поддршка.
Републиканскиот гувернер Хенри Мекмастер рече дека ќе го потпише законот веднаш штом дојде до него.
„На чекор сме поблиску до обезбедување правда и завршен чин за семејствата на жртвите, што законот им ги дава“, рече гувернерот по гласањето во долниот дом на парламентот.
„Денес, нашата држава направи чекор наназад и јас се срамам”, рече пак демократскиот лидер Тод Радерфорд во изјавата по усвојувањето на нацрт-законот.
Доколку се потпише на законот, Јужна Каролина ќе стане четвртата држава што ќе им овозможи смртта опцијата со стрелба, приклучувајќи им се на Оклахома, Мисисипи и Јута.
Јужна Каролина со децении не извршила ниту една егзекуција, а три одложила поради недостаток на смртоносни коктели.
Во САД, бројот на смртни казни се намалува заради расположението на јавноста, како и зголемените проблеми во обезбедувањето состојки за смртоносни коктели.
Во 2020 година, вкупно 17 лица биле погубени во САД.