Јужна Кореја вчера објави дека ќе лансира сопствена 6G мрежа користејќи технологија од светска класа, напредни мобилни мрежи од следната генерација базирани на софтвер и со зајакнување на синџирите на снабдување со мрежа, соопшти корејското Министерство за наука и ИКТ, пренесува „ГСМАрена“.
Јужнокорејската влада ќе ги поттикне локалните компании да произведуваат материјали, компоненти и опрема за развој на нејзината 6G мрежа. Исто така, планира да го зајакне својот синџир на снабдување за да ја поддржи наведената мрежа. Физибилити студија која ја истражува основната 6G технологија е веќе во тек. Проектот е вреден околу 482.1 милиони долари.
Со оваа иницијатива, Јужна Кореја има за цел да го надмине остатокот од светот со ваквата технологија. Јужна Кореја е четврта по големина економија во Азија и сочинуваше 25.9% од патентите за 5G во 2022 година. Владата на Јужна Кореја се надева дека може да надмине 30% или повеќе во патентите за 6G меѓу конкуренцијата.
6G ќе го обедини она што е виртуелно и реалноста, како што вели Џанг Јонгтао, заменик-генерален директор на Кинескиот оддел за технологија на Ериксон. Тој сугерира дека 6G ќе ја донесе холографската комуникација од научната фантастика и во реалноста.