Со најмногу три години затвор или парична казна од 27 илјади долари ќе се казнуваат продавачите во Јужна Кореја кои ќе бидат фатени како продаваат нерегистрирани стапови за селфи.
Постојат два вида на стапови за селфи. Обичниот во себе не содржи никаква вградена технологија и се продава за 5 долари, а сликањето се прави со наместен тајмер на мобилниот телефон.
Нешто понапреден стап е оној кој во себе има вградено Bluetooth и се продава по цена од 25 долари. Bluetooth овозможува паметниот телефон да се поврзи со стапот со што ќе се олесни правењето селфи.
Според новиот правилник на јужнокорејското министерство за наука, поради тоа што во приборот се вградува Bluetooth, тоа се смета за комуникациска опрема и поради тоа мора да е регистриран.
Снимањето селфи во последно време стана популарно низ целиот свет, а во Јужна Кореја се популарни и разни додатоци кои го олеснуваат снимањето на таквите фотографии.