Јужнокорејците ќе бидат „помлади“ за една или две години откако се промени начинот за пресметување возраст

Идната година во јуни ќе се означи крајот на системот, според кој годината на раѓање на бебињата ќе се рачуна како нулта, а на возраста ќе се додава една година секој први јануари, пренесува Данас.

Јужна Кореја усвои закони за укинување на традиционалниот начин на броење години и усвојување меѓународен стандард – потег што ќе ги направи граѓаните една или две години помлади на официјалните документи.

Јужнокорејците се смета дека имаат една година кога ќе се родат, а дополнително една година се додава секој први јануари. Ова е возраста која тие најчесто ја наведуваат во секојдневниот живот.

Исто така, во земјата постои и посебен систем за потребите за регрутирање или за пресметување на законската возраст за конзумирање алкохол и пушење, во кој возраста на лицето се пресметува од нула при раѓање и се додава една година на први јануари.

Меѓутоа, од раните 60-ти, Јужна Кореја исто така ја користи меѓународната норма за броење од нула при раѓање и додавање една година на секој роденден за медицински и правни документи.

Збунувачкиот низ системи ќе престане да важи од јуни идната година, барем на официјалните документи, кога ќе стапат на сила нови закони кои предвидуваат користење само на меѓународниот метод за броење на староста.

„Ревизијата има за цел да ги намали непотребните социо-економски трошоци бидејќи сè уште постојат правни и социјални спорови и конфузија околу различните начини на пресметување на возраста“, рече Јо Санг-бум од владејачката партија „Моќта на народот“.