Според претседателот Мун Џае Ин, дојдено е времето да се стави крај на традиционалната практика, пренесува „Гардијан“.
Претседателот предложи да се стави крај на јадењето кучиња – традиционална практика која според него станува интернационална срамота.
Кучешкото месо долго време е дел од јужнокорејската кујна, а на годишно ниво се јадат еден милион кучиња. Но оваа традиција бледнее, а сè повеќе луѓе ги третираат кучињата како домашни миленици, а не живина.
Младите ја сметаат практиката за табу тема, а сè погласни стануваат активистите за правата на животните.
Јужнокорејскиот закон за заштита на животни највеќе е фокусиран кон спречување на масовните колежи на кучињата, но не предвидува забрана за јадење на животните.