Жената која минатиот декември стана симбол на протестите во Иран е предмет на нова кампања по социјалните мрежи во земјата.
Нејзината слика на која мавта со белата шамија во Техеран, што е инаку казниво дело во Иран, беше споделена ијадници пати за време на антивладините протести кон крајот од минатата година. Сега, Иранците прашуваат – каде е таа?
Сознанијата декја беше уапсена на 27 декември, беа потврдени за Би-Би-Персиан од страна на адвокатката за човекови права Насрин Сотуде, која вели дека се работи за 31-годишна жена, мајка на 20-месечно дете, но не е познато нејзиното име во јавноста.
Сотуде, која и самата е поранешна политичка затвореничка, беше првата активистка за човекови права што откри повеќе информации за младата жена.
„Нашите истраги потврдуваат дека младата жена, чие име се уште не го знаеме, беше уапсена истиот ден”, напиша таа на Фејсбук, под слика од истата локација каде што прво била уапсена жената.
„Таа набрзо беше ослободена0, но повторно уапсена”, додава активистката.
Од 17 јануари, хаштагот на персиски чиј еквивалент на англиски јазик е #where_is_she и #WhereIsShe , беше искористен над 28.000 пати на Твитер, како и на други социјални мрежи што се користат во земјата каде што често има случаи на репресија. Фотографијата на жената најпрво се користеше во кампањата „Белата среда” во која жените во Иран носеа бело, за да протестираат против строгиот кодекс за облекување на земјата.
People in #Iran are asking for the whereabouts of the woman who took off her #hijab to protest the mandatory Islamic dress code using the hashtags #دختر_خیابان_انقلاب_کجاست and #Where_Is_She
She was reportedly arrested shortly after. #IranProtestspic.twitter.com/G6oKHIPA68— Armin Navabi (@ArminNavabi) January 18, 2018
Од иранската револуција во 1979 година, жените се принудени да ја покријат косата според исламскиот закон за скромност и да носат должина на кошули по колена. Непознатата жена доби меѓународна слава, бидејќи нејзината слика стана симбол на неодамнешните немири, најголеми по 2009 година, во кои најмалку 20 лица загинаа во протести поради корупција во владата, невработеноста и слабата економија.