Со терминот „Спелачио“, што на италијански означува нешто што е во ужасна состојба, жителите на Рим го искажуваат својот став кон божиќната елка поставена од градските власти.
Дрвото, кое ја изгубило живоста и ги загубило игличките две недели откако било поставено на плоштадот Пјаца Венеција, станало симбол на она што многумина во градот го сметаат како пропаѓање на градот, пишува Гардијан.
„Ова е срамота. Боли дури и самиот поглед кон новогодишната елка“, вели еден жител на Рим, користејќи посочувајќи на италијански дека дрвото личи на искубана кокошка.
„Како можеле да го постават во Рим, главен град како Рим“, вели една жена која не сакала да го каже нејзиното име.
„Новогодишното дрво во Рим е овенато. Поставено е мртво. Тоа е метафора за главниот град на земјата“, напишал еден локален жител на Твитер, додека друг прашал: „Кога почнува погребот?“.
Според италијанскиот весник „Ил Месинџеро“, нивното првично истражување открило дека дрвото не било соодветно заштитено за време на транспортот од Доломитите во северниот дел на Италија, каде растело. Некои пак го споредуваат дрвото со четка за тоалет.
Многу римјани на социјалните мрежи срамот го насочија кон градоначалникот Вирџиниа Раги, водачот на движењето 5-ѕвезди, која има политика на анти-естаблишмент, а кој се критикува за лошата состојба на градот.
Рим е западнат во деградираност во последните години, со дупки на улиците, купишта ѓубре и несредени јавни паркови. Дури и Папата Френцис говорел за лошата состојба на градот.
Секоја надеж дека овогодишната елка, висока 20 метри, може да донесе малку божиќна радост, брзо исчезнала. „Јасно е дека е мртва и дека претставува срамен спектакл за граѓаните и туристите“, вели здружението на потрошувачи „Кодаконс“.
Тие повикале на истрага зошто биле потрошени скоро 50 илјади евра на транспорт до Рим на болно дрво од шума во близина со границата со Австрија, 700 километри подалеку.
Римјаните љубоморно ја посочуваат убавата новогодишна елка во центарот на Милано, гледајќи го тоа како уште еден сигнал за тоа како италијанската финанскиска престолнина го презема приматот на официјалниот главен град во смисла на богатство и престиж.
Сагата за „Спелачио“ започнала преку социјалните мрежи, со сопствен хаштаг по кој се препознаваат луѓето кои коментираат на оваа тема.