Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Иницијативите #НеГоЧепкајтеМКЦ и „За културна Македонија“ ги вратија во фокус младинските културни центри/домови низ земјава. Радио МОФ веќе ја анализираше општествена улога на ваквите центри, како факелносци на прогрес, солидарност и дистрибутори на знаења и критичко размислување. Овој пат, се насочивме кон управителите на центрите, за да видиме како функционираат, дали имаат потешкотии со програма, буџет или персонал, за да се најдат решенија и подобри културното мени за младите.
Домот во Штип ги култивира младите со осум вработени и изнајмена опрема
Директорот на ОУК „Дом на млади“ – Штип, Горан Трајков, нагласува дека над 80% од настаните им се наменети за млади. Домот лани бил домаќин на над 10.000 посетители.
Засега, тимот во Домот со директорот број осум вработени – двајца хигиеничари, по еден хаус мајстор, секретар и менаџер, и тројца стручни соработници. Затоа Трајков бара нови вработувања за да можат соодветно да одговорат на работните задачи.
„Секогаш постои потреба од зголемување на буџетот на Дом за да може ефективно и ефикасно да одговори при продуцирање на што поквалитетна програма. Но, морам да истакнам дека секогаш има отворени врати за помош во било кој дел при реализацијата на програмата на Домот од Општината, сродните институции и нашите пријатели, кои безрезервно помагаат за заживување на домот и негово повторно етаблирање како центар за млади. Освен зголемен буџет за програмски содржини, потребен е и за капитални инвестиции во домот во делот на санација на кровни површни, дотраени потпорни ѕидови, реновирање на простори, урбана и инвентар опрема и опремување со техничка опрема, која сега за жал ја немаме во целост и сме приморани да изнајмуваме за потребите при продукцискиот дел“, забележува Трајков.
Откако лани беше најавен концерт на Аца Лукас во Домот, се создаде вулкан со реакции за општествената функција на оваа институција, долго позната како „дом на прогрес“. Настапот на турбофолкерот во најмала рака предизвика културен шок, а директорот Трајков тогаш велеше дека само изнајмуваат простор, не се организатор, туку наследиле долг од 300.000 денари кои треба да се вратат.
Концертот, поради здравствени причини на изведувачот во последен момент беше откажан од дечките што го изнајмија просторот, а Трајков сега тврди дека долговите се сервисирани, додека домот работи со тековни трошоци кои се сервисираат континуирано.
„Заедно со колегиумот е изработена 4 годишна стратегија која е претворена во акциски планови за работа на Домот или ние ја нарековме ‘Нулта позиција’. Засега оваа стратегија ни дава одлични резултати затоа што не е базирана на нереални очекувања, но има и силна страна што посакува да биде Дом на сите млади во Штип, па и пошироко во кој ќе бидеме заеднички горди. Механизми секогаш постојат за надминување на вакви ситуации само е потребно внимателно микроменаџирања. Но, морам да потенцирам и при продукцијата секогаш постојат еден мал број проблеми кои можат да предзвикаат дисторизија или да акумулираат непредвидени трошоци како што се временските услови преку лето, и други работи поврзани со настапи на уметниците и како откажување на дел од опрема за работа, па одложување на настан и ред други работи кои влијаат при реализација на програмата“, вели директорот Трајков.
Тој нагласува дека Домот претставува динамична културна институција, со мноштво идеи, теми, поетски форми и медиуми во различни креативни области.
„Токму поради тоа што не сме музеј или институција за заштита на културното наследство, Домот има привилегија да може да излезе во непознатото, да истражува и експериментира и оствари уникатен концепт програма од алтернативен карактер, таленти на млади, возрасни, нови, познати и непознати“, вели Трајков.
„Дом на млади“ во 2018 година има организирано 40 музички, 10 ликовни настани, потоа 14 со изведувачки уметности, 10 настани поврзани со филм, 26 од образование… Трајков во одговорот до Радио МОФ на 32 страни, тековно за 2019-та наведува конкурси за мурали и литературен натпревар, фестивалот „Сигнал“, формирање младински театар при Домот, ликовна колонија, џез фестивал итн.
МКЦ Скопје: Од поддршка – никогаш доста
МКЦ Скопје организира секаков вид на културни настани. За 365 денови – повеќе од 250 настани. МКЦ не е само денсинг салата, туку МКЦ е и галерискиот простор, киното „Фросина“, Детскиот креативен центар, планетариумот, фоајето, седенките низ ноќта на платото каде луѓе од разни генерации константно впиваат и живеат култура. Периодов е познато дека различни посетители, уметници, филмаџии, преведувачи, професори, новинари… застанаа зад писмото со поддршка за МКЦ, за да се спротистават на потенцијални промени во уредувачката структура.
Програмски гледано, од Центарот велат дека целта на МКЦ е да продуцира, стимулира и промовира современи културни програми од млади домашни и меѓународни автори и изведувачи, како и да овозможи простор за соработка и анимирање на младата популација.
„Програмата на МКЦ е дело на програмскиот менаџмент на институцијата, музички уредник, драмски уредник, уредник за литературна програма и издаваштво, уредници за едукативна и научна дејност како и уредници за филмска програма, секој од нив одоговорен за различен дел од програмата“, сооопштуваат од МКЦ Скопје за Радио МОФ, наведувајќи разни настани, МОТ, „Сinedays“, „Здраво млади“…
„Сите овие настани и фестивали не би биле возможни без исцрпувачкиот, ентузијастички и инаетлив труд на сите вработени во институцијата, но и на сите надворешни долгогодишни соработници со кои градиме убави културни спомени. МКЦ успешно опстојуваше и продуцираше високо квалитетна, на моменти и субверзивна програма дури и во најмрачните години на оваа земја и успеа во текот на истите тие години да остане единствениот бастион на слободна мисла“, потенцираат од МКЦ Скопје.
На прашањето колку од настаните се наменети за млади, од МКЦ духовито одговараат – „сите“. Односно, дополнуваат, концептуалниот пристап на програмата се гради врз потребите на младите „да гледаат“ (погледнат програма креирана од друг) и „да креираат“ (самите да креираат/продуцираат активности за одредена публика).
Во текот на 2018 година бележат над 100.000 продадени билети. Ако се додадат и бесплатните настани, посочуваат дека во МКЦ годишно флуктуираат повеќе од 120.000 посетители. Слични се бројките и од претходните неколку години.
Во однос на буџетот и евентуална помош, за да продолжат да се редат активности, од МКЦ велат дека од поддршка – никогаш доста. Односно, „кога амбициите ти се големи, а финансиите лимитирани, нормално е да се појави јаз помеѓу желбите и можностите“.
„Веруваме дека сите се незадоволни од поддршката што ја добиваат на државно и локално ниво, бидејќи субјективно, сите културни ентитети кои егизистираат на микро и макро ниво, се незадоволни и секогаш ќе бидат. Тука ние здогледуваме можност за креативно изнаоѓање дополнителни финансии – спонзорства, европски фондови и сл. Мораме да работиме повеќе, за да заработиме повеќе, за да инвестираме во поквалитетна програма. Тоа е модусот кој треба да е општоприфатлив за сите јавни културни установи, односно мотивирачки фактор при планирање, подготовка и реализација на програма. Најлесно е да се држиме до ‘државните’ финансии и да тераме по нашки – колку ти е чергата, толку пружи ги нозете… пробај да ја доплетеш чергата за да ти биде покомотно… Тоа е комплексно и бара труд“, велат од МКЦ Скопје.
Најголемите предизвици не започнуваат од потребите и плановите за раст и развој на МКЦ, туку, велат од Центарот, од регулација на генералните состојби во културата и културните установи.
„Од административна регулација на институции (систематизации, застареност на кадар, техничка опременост) до професионализација на менаџментот и одговорност/стручност при распределба на јавните пари (годишни конкурси за програма, системски решенија за програмски напредок, повеќегодишни планови, диференцирање на културно-уметничка од естрадна дејност, политички функции наспроти професионализам)“ Нудењето квалитетна програма на долг рок е резултат на едукација (двонасочна: на кадарот и публиката), компетентност (професионалност и знаење на човековите ресурси) и секако финансии. Доколку една од овие три компоненти е неисполнета, планирањето на програмските активности е многу отежнато. Системот (државата) е оној кој треба да ги регулира овие односи, а за жал кај нас тоа многу тешко оди во последниве 30 години. Па така, на предизвиците им нема крај :), велат од МКЦ Скопје.
МКЦ Битола: Ние сме граѓанска организација без загарантирана државна помош
Називот на Центарот – МКЦ Битола асоцира на Младинскиот културен центар во Скопје и во јавноста многу често постои мислење дека се работи за исти институции.
„Но, постои голема разлика во програмата и функционирањето на овие два центри. Додека МКЦ Скопје е институција на Град Скопје, МКЦ Битола е граѓанска организација која нема континуирана и загарантирана поддршка од државата. Неколку пати сме биле поддржани со проекти преку огласот за финансиска поддршка на Владата на граѓански организации и Министерството за култура. Дополнително, локалната самоуправа во Битола ја има поддржано работата на центарот, повторно преку мали проекти наменети за граѓански организации и во рамките на Битолското културно лето. 90% од буџетот на МКЦ Битола е поддржан од странски донатори: Швајцарска агенција за развој, УСАИД, Европска унија итн“, велат од МКЦ Битола за Радио МОФ.
Од таму потенцираат дека MKЦ Битола е младинска, непрофитна, граѓанска организација основана во 1997 година од група млади ентузијасти, обединeти да направат позитивни промени за младите во локалната заедница.
„Најзначаен пресврт во развојот на организацијата е добивањето посебен простор во центарот на Битола, реновиран и приспособен со донаторска поддршка (Програма „Живо наследство“), кој реално профункционира како независен Младински културен центар во Битола. На корисна површина од над 350 м2 располагаме со канцелариски простор, сала за презентации и работилници, музичко студио и солидна техничка опременост на просториите“, велат од МКЦ Битола.
Организацијата има шест вработени во извршната канцеларија, околу 4 времени соработници на проекти, како и околу 30 активни волонтери вклучени во работата на организацијата.
МКЦ – Битола води и координира проекти и програми, организатор е на меѓународно признатиот арт фестивал „Битола отворен град“, а, меѓу другото, повеќе од 10 години работи како национална канцеларија на неформалната мрежа на локални волонтерски центри, Волонтерски центар на Македонија.
„Во рамките на МКЦ – Битола функционира тренинг сервис преку кој континуирано се реализираат голем број на локални, национални и меѓународни обуки за развој на вештини, знаења и компетенции кај младите луѓе. Преку овој сервис поминуваат околу 100 млади луѓе годишно“, соопштува МКЦ Битола.
Сепак, години наназад се соочуваат со потешкотии околу обезбедување буџет за имплементирање на постоечката програма за, како што велат, поддршка на независната културна сцена во градот и пошироко.
„Не сме доволно поддржани од страна на државата/локалната самоуправа, но и донаторската заедница не е заинтересирана за поддршка на ваков вид активности и програми, насочувајќи се повеќе на човековите права, корупцијата или владеењето на правото. Исклучок е ‘Битола отворен град’ кој добива и солидна поддршка од бизнис заедницата која го препознава потенцијалот на фестивалот и можностите за рекламирање и маркетинг активности. За жал, интересот на релевантните чинители за поддршка и развивање на младите креативни потенцијали особено во локалните заедници остануваат на маргините и на дното на нивните агенди. Затоа го имаме предизвикот на неактивна и незаинтересирана младина“, потенцираат од таму.
Затоа, МКЦ-Битола прави обиди преку самофинансирање, изнајмување на техничка опрема и преку издавање на музичкото студио за симболична цена, да помага во издавањето на некомерцијални албуми на млади бендови од градот.
„Сето погоре кажано, а поврзано со секојдневната борба за изнаоѓање на финансии за редовно функционирање на програмите во центарот, години наназад е најголемиот предизвик на центарот. Се надеваме дека преку неколку иницијативи поврзани со изнаоѓање на начини за зајакнување на врската помеѓу центарот и локалната самоуправа во вид на јавно-цивилно партнерсво или преку новиот закон за млади и намерата поддршка на младински центри на локално ниво ќе успееме да го зајакнеме нашето функционирање во институционална смисла“, забележуваат од МКЦ Битола.
Општина Делчево не може да најде просторија за млади
Десет млади ентузијасти преку организацијата „Младите можат“ лани покренаа иницијатива за отворање Младински културен центар во Делчево. Целта е преку Центарот младите од Делчево да имаат место каде ќе го поминуваат своето слободно време на подобар и поквалитетен начин.
„Центарот е замислен како место каде младите ќе можат да комуницираат, да се дружат, да разменуваат идеи, искуства и знаења на слободен начин и без притисоци од возрасните. Идејата е во центарот да има ликовно катче, творечко катче, музичко катче, едукативни и рекреативни игри“, објаснуваат од „Младите можат“ за Радио МОФ.
Оттука, за два дена во април 2018 година беа собрани вкупно 680 потписи. Петицијата за отворање на МКЦ во Делчево беше доставени до градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски.
„По неколкуте одржани состаноци помеѓу членови на иницијативата и градонaчалникот, сепак целта за отворање на овој центар не беше поддржана. Иако, наиде на позитивни реакции од локалните власти, сепак не беа обезбедени простор и финансии за отворање на истиот“, велат од „Младите можат“.
Даниела Такева, лице за односи со јавност во општина Делчево, напоменува дека последнава година отвориле мултифунционален центар горе, на третиот кат во Спомен домот АСНОМ. Нагласува дека тоа е голема просторија, каде е сместена читалната.
„Значи, тоа е комплекс каде можат да се изведуваат сите активности од невладиниот сектор, младинскиот сектор. Сите можат бесплатно да ја користат таа сала – за предавања, едукативни работилници итн. А, конкретно само за млади, општината нема таква просторија во своја сопственост, за да може да одговори на такви барања. Тоа е голем хендикеп. Верувајте, градоначалникот сериозно пристапи на иницијативата, разговараше со сите служби што се поврзани со имотот на општината, меѓутоа, тешко да можеме да одговориме“, тврди Такева.
Таа го споменува Центарот за култура, каде вели се одржуваат настани, предавања, киното е тука, па смета дека има „отворени опции“.
„Центарот за култура си функционира, а ние постојано излегуваме во пресрет, озвучување, логистика и слично. Се’ што е потребно. Сега Центар за странски јазици правеа петти роденден. Во паркот се’ им беше овозможено да направат како настан“, вели претставничката од општината.
Новиот Закон за млади предвидува младински центри на локално ниво, а Такева тврди дека нема да отстапат од тоа.
„Знаете дека имаме формирано Совет на млади и максимално се вклучени во младинските активности. Тие се еден линк со другите организации. Законот за млади нека биде донесен, па ќе видиме понатаму. Проблемот е само просторија“, вели таа.
За бившиот директор на Домот на културата, Славчо Десподов, позитивна е иницијативата на „Младите можат“. Особено што досега не постоел младински дом во Делчево, туку Дом на култура, отворен пред повеќе децении. Тој треба да е главниот носител на културата во источниот град од Северна Македонија.
Специфично во Делчево, нагласува Десподов, е што во Домот е сместена локалната власт, Собранието. На Домот му останува, се на се, 3-4 канцеларии на располагање.
Кафулиња, ресторани, Собранието е тука… Собранието зема физички простор. Кафичи – има, ресторани – има, а култура? Инаку, имаме прекрасен Дом, огромно здание, можеби едно од најубавите архитектонски и ентериерно уредени во Македонија. Тоа е еден од 30-те домови во чест на АСНОМ, градени низ цела земја, само Спомен домот во Делчево остана незавршен. Има голема сала, универзална за 650 седишта. Малата сала ја средував пред 15-16 години. И сега е во употреба, за изложби и слично, но не е тоа – ‘тоа’. Затоа што, големата сала да е направена, ќе има сцена, придружни објекти во огромна просторија. Се уште така стои од 1972-ра година, откако е почнат домот, незавршена. Културата треба да е носител на општествениот, креативниот и прогресивниот живот“, потенцира Десподов.
Бојан Шашевски
-
Si funksionojnë Qendrat kulturore rinore
Iniciativa #MosEPrekniQKR dhe “Për Maqedoni kulturore” i kthyen në fokus qendrat / shtëpitë kulturore rinore në vendin tonë. Radio MOF tani më e analizoi rolin kulturor të qendrave të këtilla, si mbajtës të pishtarit të progresit, solidaritetit dhe shpërndarës të dijeve dhe mendimit kritik. Kësaj here u drejtuam kah drejtuesit e qendrave, për të parë si funksionojnë, nëse kanë vështirësi me programin, buxhetin ose personelin, që të gjinden zgjidhje dhe të përmirësohet menyja kulturore për të rinjtë.
Shtëpia në Shtip i kultivon të rinjtë me tetë të punësuar dhe pajisje të marrë me qira
Drejtori i IKK “Shtëpia e të rinjve” – Shtip, Goran Trajkov, thekson se mbi 80% e ngjarjeve janë të dedikuara për të rinj. Shtëpia e kulturës vjet ka mik pritur mbi 10.000 vizitorë.
Për momentin, ekipi i shtëpisë së kulturës së bashku me drejtorin numëron tetë të punësuar – dy pastrues, një mjeshtër, sekretar dhe menaxher dhe tre bashkëpunëtorë profesional. Prandaj Trajkov kërkon punësime të reja që të mund t’ju përgjigjen në mënyrë përkatëse detyrave të punës.
“Çdo herë ekziston nevoja për rritjen e buxhetit të Shtëpisë për të rinj, që të mundet në mënyrë efektive dhe efikase të përgjigjet gjatë prodhimit të programit sa më cilësor. Por, duhet të theksoj se çdo herë ka derë të hapur për ndihmë në cilën do pjesë gjatë realizimit të programit të Shtëpisë nga Komuna, institucionet e përafërta dhe miqtë tanë, të cilët na ndihmojnë pa rezervë për ringjalljen e shtëpisë së kulturës dhe për etablimin e saj, përsëri, si qendër për të rinj. Përpos buxhetit të zmadhuar për përmbajtje programore, nevojitet edhe për investime kapitale në shtëpinë e kulturës në pjesën e skanimit të kulmit, mureve mbajtëse të vjetërsuara, rinovimin e hapësirave, pajisje urbane dhe inventar dhe furnizim me pajisje teknike, të cilën tani për fat të keq nuk e kemi në tërësi dhe jemi të detyruar ta marrin me qira për nevojat tona për pjesën e produksionit”, thotë Trajkov.
Pasi u paralajmërua vjet koncerti i Aca Llukas në Shtëpinë e kulturës, u krijua një vullkan reagime për funksionin shoqëror të këtij institucioni, gjatë i njohur si “shtëpia e progresit”. Performanca e turbo folkerit më butë thënë shkaktoi shok kulturor, ndërsa drejtori Trajkov atëherë thoshte se vetëm e ka dhënë me qira hapësirën, nuk janë organizatorë, por kanë trashëguar borxh prej 300.000 denarë të cilat duhet t’i kthejnë.
Koncerti për shkaqe shëndetësore të performuesit në moment të fundit u anulua nga djemtë që e morën me qira hapësirën, ndërsa Trajkov tani pohon se borxhet janë shlyer, ndërsa shtëpia punon me shpenzime rrjedhëse të cilat shlyhen në vazhdimësi.
“Së bashku me kolegjiumin është hartuar strategjia 4 vjeçare e cila është shndërruan në plan veprim për punën e Shtëpisë ose ne e quajtën “Pozita nulta”. Tani për tani kjo strategji na jep rezultate të shkëlqyera sepse nuk bazohet në pritje jo reale por e ka edhe anën e fuqishme që dëshiron të jetë Shtëpi e të gjithë të rinjve në Shtip po edhe më gjerë, për të cilin do të krenohemi të gjithë së bashku. Çdo herë ekzistojnë mekanizma për tejkalimin e situatave të këtilla, vetëm duhet të mikro menaxhohet me kujdes. Por, duhet të theksoj se edhe gjatë produksionit çdo herë ekzistojnë një numër i vogël i problemeve të cilat mund të shkaktojnë distorcion ose të akumulojnë shpenzime të pa parashikuara siç janë kushtet kohore gjatë verës, dhe çështje të tjera në lidhje me performimin e artistëve dhe prishja e një pjese të pajisjes për punë, pastaj prolongimi i evenimenteve dhe një sërë gjëra të tjera të cilat ndikojnë gjatë realizimit të programit”, thotë drejtori Trajkov.
Ai thekson se Shtëpia paraqet institucion kulturor dinamik, me shumë ide, tema, forma poetike dhe media në fusha të ndryshme kreative.
“Pikërisht për shkak se nuk jemi muze ose institucion për mbrojtjen e trashëgimisë kulturore, Shtëpia e kulturës ka privilegje të mund të dalë në të panjohur, të hulumtojë dhe të eksperimentojë dhe të realizojë program – koncept unik me karakter alternativ, talente të rinj, të moshuar, të rij, të panjohur dhe të njohur”, thotë Trajkov.
“Shtëpia e të rinjve” në vitin 2018 ka organizuar 40 ngjarje muzikore, 10 evenimente nga fusha e artit figurativ, pastaj 14 me art performues, 10 evenimente në lidhje me filmin, 26 nga sfera e arsimit… Për momentin, për vitin 2019, Trajkov përmend konkurset për murale dhe gara letrare, festivalin “Signal”, formimin e teatrit rinor pranë Shtëpisë, koloninë e artit figurativ, xhaz festivalin, etj.
QKR Shkup: Nga mbështetja – asnjëherë mjaft
QKR Shkup organizon të gjitha llojet e evenimenteve kulturore. Për 365 ditë – më tepër se 250 evenimente. QKR nuk është vetëm sallë për vallëzim, por QKR është edhe galeri, kinema “Frosina”, Qendër Kreative për Fëmijë, planetariumi, lobi, ndejat natën në platonë ku njerëzit nga gjenerata të ndryshme në vazhdimësi thithin dhe jetojnë kulturë. Kjo periudhë është e njohur se vizitorë të ndryshëm, artistë, prodhues të filmave, përkthyes, profesorë, gazetarë … qëndruan mbas letrës me mbështetje për QKR, për t’ju kundërvënë ndryshimeve potenciale në strukturën redaktuese.
Parë nga aspekti programor, nga Qendra thonë se qëllimi i QKR është të bëjë produksion, të stimulojë dhe të promovojë programe kulturore moderne me autorë të rinj vendas dhe ndërkombëtarë dhe botues, si dhe të mundësojë hapësirë për bashkëpunim dhe animimin e popullatës së re.
“Programi i QKR është vepër e menaxhmentit programor të institucionit, redaktorit muzikor, redaktor dramaturgjik, redaktor për programe letrare dhe botuese, redaktorë të veprimtarisë edukative dhe shkencore si dhe redaktorë për program filmik, secili prej tyre përgjegjës për pjesë të ndryshme të programit”, njoftojnë nga QKR Shkup për Radio MOF, duke përmendur ngjarje të ndryshme, MOT, “Cinedays”, “Përshëndetje të rinj”…
Të gjitha keto evenimente dhe festivale nuk do të mund të zhvilloheshin pas punën lodhëse, entuziaste dhe inatçore të të gjithë të punësuarve në institucion por edhe pa të gjithë bashkëpunëtorët e jashtëm shumëvjeçarë me të cilët kemi ndërtuar kujtime të bukura kulturore. QKR me sukses ka mbijetuar dhe prodhuar program me cilësi të lartë, në momente edhe subverzive madje edhe gjatë viteve më të errëta të këtij vendi ia doli të ngelë bastioni i vetëm i mendimit të lirë”, theksojnë nga QKR Shkup.
Në pyetjen sa nga ngjarjet u janë dedikuar të rinjve, nga QKR me shaka përgjigjen “të gjitha”. Respektivisht plotësojnë, qasja konceptuale e programit ndërtohet në bazë të nevojave të të rinjve “të shohin” (shohin program të krijuar nga tjetër) dhe të “krijojnë” ( vetë të krijojnë / prodhojnë aktivitete për publik të caktuar).
Gjatë vitit 2018 shënojnë mbi 100.000 bileta të shitura. Nëse shtohen edhe eventet pa pagesë, thotë se në QKR në nivel vjetor fluktojnë më tepër se 120.000 vizitorë. Të ngjashme janë numrat edhe nga disa vite më parë.
Në lidhje me buxhetin dhe ndihmën eventuale, që të vazhdojnë të radhiten aktivitete, nga QKR thonë se mbështetja – asnjëherë nuk mjafton. Respektivisht, “kur ambiciet i ke të mëdha ndërsa financat të kufizuara, është normale të paraqitet hendek ndërmjet dëshirave dhe mundësive”.
“Besojmë se të gjithë janë të pa kënaqur nga mbështetja që e fitojnë në nivel shtetëror dhe lokal, sepse subjektivisht, të gjitha entitetet kulturore të cilat ekzistojnë në mikro dhe makro nivel, janë të pa kënaqur dhe çdo herë do të jenë. Këtu ne identifikojmë mundësi për gjetjen kreative të financave plotësuese – sponsorime, fonde evropiane dhe ngjashëm. Duhet të punojmë më tepër, që të fitojmë më tepër, të investojmë në program më cilësor. Ky është modusi i cili duhet të pranohet në përgjithësi nga të gjithë, për të gjitha institucionet publike kulturore, respektivisht faktor motivues gjatë planifikimit, përpilimit dhe realizimit të programit. Më lehtë është të kapemi për financat “shtetërore” dhe të vazhdojmë sipas sonës – sa e ke jorganin, shtri këmbët… provo të zgjatës jorganin që të ndihesh më mirë… Kjo është komplekse dhe kërkon punë”, thonë nga QKR Shkup.
Sfidat më të mëdha nuk fillojnë nga nevojat dhe planet për rritje dhe zhvillim të QKR, por, thonë nga Qendra, nga rregullimi i gjendjeve të përgjithshme në kulturë dhe në institucionet kulturore.
“Nga rregullimi administrativ i institucioneve ( sistematizime, mosha e kuadrove, pajisja teknike) deri te profesionalizimi i menaxhmentit dhe përgjegjësi / ekspertizë gjatë shpërndarjes së parave publike (konkurse vjetore për program, zgjidhje sistemore për progres programor, plane shumëvjeçare, diferencimi i veprimtarisë kulturore – artistike nga ajo e estradës, funksione politike përkundër profesionalizmit)” Ofrimi i programit cilësor në afta të gjatë është rezultat i edukimit (të dyanshëm: të kuadrit dhe publikut), kompetencë (profesionalizëm dhe dije në lidhje me burimet njerëzore) dhe sigurisht financa. Nëse një nga këto tre komponime nuk plotësohet, planifikimi i aktiviteteve programore vështirësohet tepër. Sistemi (shteti) është ai i cili duhet të rregullojë këto raporte, ndërkaq për fat të keq tek ne kjo shkon shumë vështirë gjatë 30 viteve të fundit. Kështu, sfidat nuk kanë të mbaruar, thonë nga QKR Shkup.
QKR Manastir: Ne jemi organizatë qytetare pa ndihmë shtetërore të garantuar
Emri i Qendrës – QKR Manastir asocion në Qendrën Kulturore Rinore në Shkup dhe në publik shumë shpesh ekziston mendimi se bëhet fjalë për institucione të njëjta.
“Por, ekziston dallim i madh në programin dhe funksionimin e këtyre dy qendrave. Përderisa QKR është institucion i qytetit Shkup, QKR Manastir është organizatë qytetare e cila nuk ka mbështetje të vazhdueshme dhe të garantuar nga shteti. Disa herë na kanë mbështetur me projekte nëpërmjet thirrjeve për mbështetje financiare të Qeverisë për organizata qytetare dhe nga Ministria e Kulturës. Në mënyrë plotësuese, vetëqeverisja lokale në Manastir e ka mbështetur punën e qendrës, përsëri nëpërmjet projekteve të vogla të dedikuara për organizata qytetare dhe në kuadër të Verës kulturore të Manastirit. 9% e buxhetit të QKR Manastir mbështetet nga donatorë të huaj: Agjencia Zvicerane për Zhvillim, USAID, Bashkimi Evropian etj.”, thonë nga QKR Manastir për Radio MOF.
Nga atje theksojnë se QKR Manastir është organizatë rinore, jo fitimprurëse, qytetare e themeluar në vitin 1997 nga një grup të rinj entuziastë, të bashkuar të bëjnë ndryshime pozitive për të rinjtë në komunitetin lokal.
“Kthesë më të rëndësishme gjatë zhvillimit të organizatës është fitimi i hapësirës së veçantë në qendër të Manastirit, i rinovuar dhe adoptuar me mbështetje të donatorëve ( Programi “Trashëgimi e gjallë”), që realisht funksionon si Qendër Kulturore Rinore e pavarur në Manastir. Në sipërfaqe të dobishme prej mbi 350 m2 kemi zyra, sallë për prezantime dhe punëtori, studio muzikore dhe pajisje teknike solide të hapësirave”, thonë nga QKR Manastir.
Organizata ka gjashtë të punësuar në zyrën ekzekutive, rreth 4 bashkëpunëtorë të përkohshëm për projekte, si dhe rreth 30 vullnetarë aktive të përfshirë në punën e organizatës.
QKR – Manastir udhëheq dhe koordinon projekte dhe programe, është organizator i art festivalit i njohur ndërkombëtarisht “Manastir qytet i hapur” ndërsa, ndër të tjerat, më shumë se 10 vite punon si zyrë nacionale e rrjetit joformal të qendrave lokale vullnetare, Qendra vullnetare e Maqedonisë.
“Në kuadër të QKR – Manastir –funksionon shërbim për trajnim nëpërmjet të cilit në vazhdimësi realizohen numër i madh i trajnimeve lokale, nacionale dhe ndërkombëtare për zhvillimin e shkathtësive, dijeve dhe kompetencave te të rinjtë. Nëpërmjet këtij shërbimi kalojnë rreth 100 të rinj në nivel vjetor”, thonë nga QKR Manastir.
Megjithatë, vite me radhë përballen me vështirësi rreth sigurimit të buxhetit për implementimin e programit ekzistues, për, siç thonë, mbështetje të skenës së pavarur kulturore në qytet dhe më gjerë.
“Nuk jemi të mbështetur mjaftueshëm nga shteti / vetëqeverisja lokale, por edhe komuniteti i donatorëve nuk është i interesuar për mbështetjen e llojit të këtillë të aktiviteteve dhe programeve, duke u fokusuar më tepër në të drejtat e njeriut, korrupsionin ose sundimin e së drejtës. Përjashtim përbën “Manastir qytet i hapur” i cili fiton edhe mbështetje solidare nga biznes komuniteti i cili e identifikon potencialin e festivalit dhe mundësitë për reklamim dhe aktivitete për marketing. Për fat të keq, interesi i aktorëve relevantë për mbështetje dhe zhvillim të potencialeve kreative rinore në veçanti në komunitetet lokale ngelin në margjinat dhe në fundin e agjendave të tyre. Prandaj e kemi sfidën e rinisë jo aktive dhe të pa interesuar”, theksojnë ata.
Prandaj, QKR Manastir bën përpjekje nëpërmjet vetëfinancimit, marrjes së pajisjes me qira dhe nëpërmjet lëshimit me qira të studios muzikore për çmim simbolik, të ndihmojë në botimin e albumeve jo komerciale për brende të reja në qytet.
“E gjithë kjo që u tha më lartë, ndërsa në lidhje me luftën e përditshme për gjetjen e financave për funksionimin e rregullt të programeve në qendër, vite me radhë është sfida më e madhe e qendrës. Shpresojmë se nëpërmjet disa iniciativave në lidhje me gjetjen e mënyrave për përforcimin e lidhjes ndërmjet qendrës dhe vetëqeverisjes lokale në formë të partneritetit publiko – civil ose nëpërmjet ligjit të ri për të rinj dhe qëllimit mbështetje për qendrat rinore në nivel lokal, do t’ia dalim të përforcojmë funksionimin tonë në kuptimin institucional”, vërejnë nga QKR Manastir.
Komuna e Dellçevës nuk mund të gjejë hapësirë për të rinj
Dhjetë entuzistë të rinj nëpërmjet organizatës “Të rinjtë munden” vjet ngritën iniciativë për hapjen e Qendrës kulturore rinore në Dellçevë. Qëllimi është që nëpërmjet Qendrës të rinjtë nga Dellçeva të kenë vend ku të kalojnë kohën e tyre të lirë në mënyrë më të mirë dhe më cilësore.
“Qendra është paramenduar si vend ku të rinjtë do të mund të komunikojnë, të shoqërohen, të këmbejnë ide, përvoja dhe dije në mënyrë të lirë dhe pa presione nga të rriturit. Ideja është në qendër të ketë një kënd për art figurativ, kënd krijues, muzikor, lojëra edukative dhe rekreative”, sqarojnë nga “Të rinjtë munden” për Radio MOF.
Së këndejmi, për dy ditë në prill 2018 u grumbulluan gjithsej 680 nënshkrime. Peticioni për hapjen e QKR në Dellçevë u dorëzua te kryetari i komunës së Dellçevës, Goran Trajkovski.
“Pas disa takimeve të mbajtura ndërmjet anëtarëve të iniciativës dhe kryetarit të komunës, megjithatë qëllimi për hapjen e kësaj qendre nuk u mbështet. Edhe pse hapi në reagime pozitive nga pushteti lokal, megjithatë nuk u siguruan hapësira dhe financa për hapjen e të njëjtit”, thonë nga “Të rinjtë munden”.
Daniella Takeva, person për marrëdhënie me publikun në komunën e Dellçevës, përmend se vitin e fundit kanë hapur qendër multinacionale, lartë, në katin e tretë në Shtëpinë përkujtimore KAÇKM. Thekson se kjo është hapësirë e madhe, ku është vendosur leximorja.
“Domethënë, ky është kompleks ku mund të realizohen të gjitha aktivitetet e sektorit joqeveritar, sektorit rinor. Të gjithë mund ta përdorin pa pagesë këtë sallë – për ligjërata, punëtori edukative dhe ngjashëm. Ndërkaq, konkretisht vetëm për të rinj, komuna nuk ka hapësira të këtilla në pronë të saj, që të mund tu përgjigjet kërkesave të këtilla. Ky është hendikap i madh. Besoni, kryetari i komunës iu qas me seriozitet iniciativës, bisedoi me të gjitha shërbimet që janë të lidhura me pronën e komunës, mirëpo, ishte vështirë të mund t’i përgjigjemi kërkesës”, pohon Takeva.
Ajo e përmendi Qendrën e Kulturës, ku thotë se mbahen evenimente, ligjërata, ka kinema, dhe mendon se ka “opsione të hapura”.
“Qendra e kulturës funksionon, ndërsa ne vazhdimisht i dalim në ndihmë, zërim, logjistikë dhe ngjashëm. Gjithçka që nevojitet. Tani Qendra për gjuhë të huaja festoi ditëlindjen e pestë. Në park gjithçka ju ishte mundësuar të bëjnë si eveniment”, thotë përfaqësuesja e komunës.
Ligji i ri për të rinjtë parashikon qendra rinore në nivel lokal, ndërsa Takeva pohon se nuk do të reterojnë nga kjo.
“E dini se kemi formuar Këshillin për të rinj dhe maksimalisht janë përfshirë në aktivitetet rinore. Ata janë një lidhje me organizatat të tjera. Ligji për të rinjtë le të bëhet i qasshëm, pastaj do të shohim më tutje. Problem paraqet vetëm hapësira”, thotë ajo.
Për ish drejtorin e Shtëpisë së kulturës, Sllavço Despodov, iniciativa e “Të rinjtë munden” është pozitive. Në veçanti që deri më tani nuk ka ekzistuar shtëpi rinore në Dellçevë, por Shtëpia e kulturës, është hapur para më shumë dekadave. Ai duhet të jetë bartësi kryesor i kulturës në qytetin lindor të Maqedonisë së Veriut.
Specifike për Dellçevën, thekson Despodov, është se në Shtëpinë është vendosur pushteti lokal, Kuvendi. Shtëpisë i ngelin gjithsej 3 – 4 zyra në dispozicion.
Kafeteri, restorante, Kuvendi është këtu… Kuvendi merr hapësirë fizike. Kafeteri – ka, restorante – ka, ndërsa kulturë? Për ndryshe kemi Shtëpi të shkëlqyer, godinë të madhe, ndoshta një nga më bukur të rregulluara nga aspekti arkitektonik dhe me enterier më të bukur në Maqedoni. Është një nga 30 shtëpitë në nder të KAÇKM-së, të ndërtuara në të gjithë vendin, vetëm Shtëpia përkujtimore në Dellçevë ngeli e pa përfunduar. Ka sallë të madhe, universale për 650 ulëse. Sallën e vogël e rregullova para 15 – 16 vjet. Dhe tani është në përdorim, për ekspozita dhe ngjashëm, por nuk është ajo – “ajo”. Sepse, salla e madhe të rregullohet, do të ketë skenë, objekte shoqëruese në hapësirë të madhe. Qëndron ashtu ende që nga viti 1972, qëkur ka filluar shtëpia, e pa përfunduar. Kultura duhet të jetë bartëse e jetës shoqërore, kreative dhe progresive”, thekson Despodov.
Bojan Shashevski
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.