Цената на биткоинот порасна на 900 долари минатата седмица. Пред само пред 10 месеци, дигиталната валута се продаваше за 13 долари. Високата цена стана главна вест во светски рамки и натера многумина да се запрашаат: Што се тоа биткоини?
Ова е добро прашање, не само за тие кои имаат мало познавање од модерниот финансиски систем и интеракцијата на информатичките технологии, туку и за оние кои длабоко загазиле во економијата управувана од интернетот, наука која многу се промени во текот на последните 20 години.
Биткоинот е дигитална валута, што значи овие пари се контролирани и се чуваат исклучиво во компјутерите преку интернет, но сега наоѓаат многу начини за да допрат до се поголем број луѓе и бизниси низ светот. Сепак и економистите и интернет пионерите сеуште се збунети. Оттука, беше потребен едноставен водич за биткоинот, пишува wired.com.
Бткоинот не е само валута како доларот, еврото или јенот. Тоа е начин за плаќање, како PayPal или Visa credit card network. Дозволува да се чуваат парите, но и да се трошат, да се тргува со нив и да се носат од едно место на друго, слично и едноставно како испраќање мејл.
Како што се подвлекува и во медиумите, биткоин го овозможува ова без притоа да има потреба да се издаде идентитетот, феномен кој го поврза и со The Silk Road, онлајн маркет за илегални дроги. Сепак, биткоинот е систем кој функционира јавно. Сите трансакции се снимени онлајн и секој може да ги види, што пак носи одредена транспарентност на системот и доверба во дигиталната валута.
Така , биткоин е многу повеќе од систем кој обезбедува пари за илегални плаќања. Тој ги редизајнира меѓународните финансии со тоа што ги руши границите меѓу државите и ја ослободува валутата од влијанието на владите. Контролиран е од отворен софтвер кој работи врз основа на математички принципи и од луѓето кои заеднички го надгледуваат софтверот. Софтверот го водат илјадниците компјутеруи низ целиот свет, но тоа може да се промени . Тоа ќе се случи само ако мнозинството од оние што го надгледуваат софтверот ќе се согласат на промени.
На кратко, биткоин е нешто како интернет – но за пари.
Пред пет години , користејќи го псевдонимот Сатоши Накамато, анонимен компјутерски програмер или група програмери го создаваат Bitcoin – софтверскиот систем и го пуштаат на интернет. Беше дизајниран за да работи преку голема мрежа на машини, па секој што сака да може да управува со една од овие машини.
Овој дистрибуиран софтвер кој е носител на новата валута, создава мал број биткоини. Во суштина, тие се само дигитални долги адреси кои се чуваат онлајн во т.н „blockchain “. Но, системот исто така е дизајниран валутата полека да се прошири така што луѓето ќе бидат охрабрени да работат како „биткоин рудари“ и да го одржуваат растењето на самиот систем.
Кога системот создава нови биткоини, им ги дава на рударите. Тие пак ги следат сите трансакции со биткоин, ги додаваат во т.н „blockchain “ места, а во замена за таа работа, ја добиваат привилегијата да се наградат себе со неколку екстра биткоини.
Зошто овие биткоини имаат вредност ? Тоа е прилично едноставно. Тие еволуираа во нешто што многу луѓе ги сакаат – во валута како еден долар или јен, но и за нив има ограничена понуда. Иако системот продолжува да вади нови биткоини, ова ќе престане кога ќе достигне бројка од 21 милиони , што пак треба да се случи околу 2140 година.
Идејата беше да се создаде валута чија вредност не може да се уредува од страна на централната власт , како што се Федералните резерви.
Дополнително објаснување за тоа што е биткоинот има и во видеото подолу: