Твитер соопшти дека дуплирањето на ограничувањето од 140 на 280 карактери по твит отсега е достапно за сите корисници на социјалната мрежа, откако изминатите два месеци оваа опција беше тестирана на ограничен број „твитерџии“.
Тест-периодот беше со цел Твитер да увиди дали овозможувањето подолги твитови ќе го намали „трупањето“ зборови и ќе придонесе корисниците подобро да можат да се изразат.
Од формирањето во 2006-та година, Твитер ги имаше ограничено корисниците на 140 карактери по твит.
Промената внесе загриженост кај дел од твитер заедницата дека зголемениот број карактери ќе има негативен ефект врз концизноста во користењето на оваа социјална мрежа.
Дуплирањето на дозволениот број карактери од 140 на 280 е достапно на сите јазици освен кинески, јапонски и корејски, каде „трупањето“ зборови не е проблем бидејќи на овие јазици секој карактер може да содржи повеќе информации.
Македонската Твитер заедница последниве 24 часа е со поделени мислења за новото ограничување на 280 карактери. Некои корисници не ја поддржуваат промената, некои си твитаат по старо, дел саркастично се потсмеваат со новата опција, додека дел се среќни што имаат повеќе простор да го изразат своето мислење. Сепак, без разлика од тоа на која страна се наоѓаат, скоро целата македонска твитер заедница имаше свој коментар на оваа тема. Во продолжение пренесуваме некои од повпечатливите твитови од Македонија.
#онакога ќе се уклучиш на твитер и ќе видиш дека пуштиле 280 карактери pic.twitter.com/iAH4ORx3qS
— Медо (@MedoDimoski) November 8, 2017
Не сте вие за да ви дадат 280 карактери
— Скрачи (@Skraci) November 8, 2017
280 карактери?
Неам шо да кажам.
Поздрав до другарчињата од авто школа.
Поздрав до колегите од работа.
Поздрав до мачките.
Поздрав до вмровците кои ќе го тупат.
Поздрав до сдсмовците кои ќе го тупат.
Господе дај ми сила да ги мјутнам и блок нам.
Амин— Мрчатор (@STRSHLEN) November 8, 2017
толку многу сакав 280 карактери. ете сега ги имам и не знам што да пишам. сакам да рапувам како што рапуваше Ени Ленокс при крај на песната Why. И мир во светот, сите деца да имаат вода, храна, да се излечи маларијата, сидата да се стави под контрола. Бир божји. Христос се роди.
— Артистот (@Shkottt) November 7, 2017
280 карактери е идеално за пишување рецепти.
— Поцков (@GPockov) November 8, 2017
Се будиш и гледаш дека имаш 280 карактери… pic.twitter.com/YSVmhl4gsX
— Luda Mara (@TetovskoJabolce) November 8, 2017
280 карактери по твит? ние со 140 оправивме држава, само небото е граница сега! ЕУ и НАТО еве не доаѓаме!
— The educated брада (@ViksaaSkool) November 8, 2017
Кој ќе ве трпи со 280 карактери. ♀️
— Annah (@indig05alpha) November 7, 2017
280 карактери. 140 причини повеќе за блок.
— Бледолики Џентлмен (@premnogulichno) November 8, 2017
Моите твитови со 140 карактери vs моите твитови со 280 карактери pic.twitter.com/pazGM0W7mZ
— Кенди ▲|-/ (@HorridChildd) November 8, 2017
Сабајле Air Quality Index во Скопје беше 280 “карактери”.
— Лигла (@ligus_ligus) November 8, 2017
А чек, зошто не ми кажува колку карактери ми фалат, туку ми дава кругче кое се пуни? Демек ај убрзај имаш уште четврт круг за да си ја кажеш целата мисла. Глупости онака, ок е 280 карактери ама ова со кругчево е стварно безвезе работа аха пишува кога имаш уште 20 карактери. Не зн
— Сапиенс (@Covek1) November 8, 2017
Со 280 карактери целата песна на Сара Мејс може да ја напишеш:
Врне, врне,
врне, врнееее,
врне,врне,
врне,врнееее,
врне, врне,
врне,врнееее,
врне,врне,
врне, врнееее,
врне,врне,
врне,врнееее,
врне, врне,
врне,врнееее,
врне,врне,
врне, врнееее,
врне,врне,
врне,врнеееееееееееееее!— Curly *M (@tattoo_N_girl) November 8, 2017
Го нема оној со /1,/2,…/798 твитовите, гарант у кафана части за 280 карактери
— Менгел (@igormengel) November 8, 2017
Во 280 карактери цела македонска серија се раскажува.
— статус квö (@radnaskelA_) November 8, 2017
Нема 10 саати да се упалам на тл и одма сите добиле 280 карактери pic.twitter.com/aHavgyPiZ7
— Ленена (@travarka_) November 7, 2017
Во еден твит ќе собира 280 карактери, во еден живот ни пола
— Bozidar (@ZimskiB) November 7, 2017