Собирање на пријатели, следбеници и „лајкачи“ онлајн може да биде супер старт во „networking“ светот. Сепак, организирање нa meetup е еден од подобрите начини како да ја преточите вашата виртуелна публика во публика која ќе може да ја соберете на едно место за да ги сподели своите искуства, знаењa и идеи.
Така се роди и идејата за првиот InTech MeetUp настан. Решивме дека сакаме да го правиме InTech MeetUp, настан каде ИТ заедницата во Македонија ќе може да зборува за нови технологии, нови достигнувања, ќе се запознава и дружи меѓусебно. Првиот настан се случи на 6 декември, минатата година. После тој настан, следеа уште два, а веќе се планира и следниот. Од еден настан, стигнавме до четири. И сигурно се прашувате како до таму?
Општата дефиниција за „митап“ е добро испланиран настан каде се собираат истомисленици на по една пијачка или две 😊 и слушаат гости говорници. Откако говорниците ќе завршат со своите презентации, тие најчесто се отворени за прашања и дискусија, а потоа следи дружба со сите гости посетители. И да, вака кажано звучи многу лесно, но всушност во организацијата на еден ваков настан се вклучени многу клучни моменти како и луѓе, соработници, социјални медиуми, промоции итн.
За да оставите добар впечаток и да организирате добар „митап“ настан, си бара посветеност и напорно работење. Најпрво, почнувате со организирање на добар тим кој посветено и детално ќе работи на на целосна организација на настанот. Потоа, се дефинира темата, за што ќе биде meetup-от, кој ќе биде тонот на комуникација, колку често ќе се организира еден ваков meetup соодветно на темата, која е бројката на посетители која сакате да ја постигнете итн. И после се’ ова следува потешкиот дел, како бирање на говорници, место каде ќе се одржи настанот, наоѓање на спонзори со кои следат преговори во неколку фази. Сепак, на крај кога ќе се соберат сите овие работи на куп, добивате еден успешно организиран настан.
Како и да е, пред да решите да организирате било каков настан, мој совет би било да посетите нешто слично на тоа. Не мора вие да бидете тие што ќе направат грешка во чекори, учете од искуствата на другите.
За крај би рекла дека за организирање на настан од ваков карактер, најважен дел е тимот со кој работиш и секако заемна посветеност и вложување на труд и време за да успее една ваша идеја. Верувајте штом го организирате вашиот прв настан или meetup, ќе почнете да размислувате веќе за наредниот. Не заборавајте, да зборувате со луѓето за тоа што сакаат да чујат следно и потрудете се да донесете нешто ново во „networking“ светот што ќе ве направи да сте супер поврзани и релеватни и со голем придонес во вашата заедница!
Пишува Тања Златановска од InPlayer за Радио МОФ