Заедно со уште 30 морски видови, научниците откриле 46 метарски примерок од сифонофор, змијолик предатор од морските длабочини.
Научниците кои ги проучувале водите на брегот во Австралија откриле 30 нови морски видови, а воедно и животно за кое се смета дека е најдолгото во светот.
Новите откритија биле резултат на експедициите во подводните кањони на западна Австралија. Едно од најголемите откритија е сифонофор со должина од 46 метри. Сифонофорите се предатори од морските длабочини кои се спој од членови на мали клонови кои се однесуваат како едно суштество со змијолик изглед. Научниците сметаат дека овој сифонофор е најдолгиот примерок некогаш пронајден.
Експедицијата открила и други животни од длабочините, за кои истражувачите се сомневаат дека воопшто не се документирани, односно лигња-октопод, долгоопашеста морска краставица, стаклести сунѓери и првите џиновски хидроиди – колонија од животинки кои изгледале како превртени медузи – за прв пат видени во Австралија.
Нерида Вилсон, главниот истражувач од Музејот на западна Австралија, воедно и предводникот на експедицијата, истакнал дека откривањето на екстра долгиот сифонофор се случило ненадејно. Истражувачката подморница се спуштила 4439 метри под морето, но сифонофорот бил забележан на враќање, кога подморницата била издигната на 630 метри.
„Повеќето научници ја имаа напуштено контролната соба. Меѓутоа, веста многу брзо се прошири и набрзо контролната соба беше тесна. Тоа беше прекрасен поглед, да се види движењето на сифонофорот кој изгледаше како спирално НЛО. Не ни се веруваше што гледаме“, додал Вилсон.
Сифонофорите, исто како и медузите се движеле преку пипци во водата. Се исхранувале со мали оклопци и риби кои се доволно несреќни да запливаат во завесата од пипци и да се парализираат.
Пронајдениот сифонофор бил двапати подолг од просечниот Син кит и трипати подолг од Грбавиот Кит.
Експедицијата била предводена од Институтот „Шмит Оушн“, непрофитна организација која поддржувала океанографски истражувања кои вклучувале достапност на одредба за истражувачки брод и далечинско управувано возило, кои Владата на Австралија и австралиските научни институции не можеле да ги снабдат.
Сифонофорот и останатите можни непознати врсти биле откриени во заштитена област позната како био-регионот „Гајсконовски брег“.
Вилсон истакнал дека оваа заштитена област претходно не била истражувана, додавајќи дека истражувачите сакале да го откријат неверојатниот биодиверзитет кој живеел во овој регион.
Извор: Guardian