Калифорнија стана првата американска држава која законски бара големите продавници да изложуваат играчки кои се родово неутрални, пренесува „Би-Би-Си“.
Новиот закон, потпишан од Гевин Њусом, не забранува женски и машки оддели за играчки. Но, хипер-продавниците задолжително ќе треба да имаат и полици за родово неутрални играчки.
На полиците треба да има изложено селекција на играчки и предмети за детска грижа кој не се обележани дека се наменети за определен пол. Компаниите ќе се казнети 250 американски долари доколку не ја почитуваат новата одредба.
Законот се усвои минатиот месец, а ќе биде стапи на сила на 2024 година. Законот ќе важи за продавници кои имаат вработено над 500 лица во Калифорнија. Со законот не се регулира облеката, но се регулираат производите кои се користат за спиење, релаксација и доење на деца.
Еден од коавторите на законот, демократот Еван Ло, претходно изјавил дека законот е инспириран од осумгодишната ќерка на негов колега, која константно прашувала зошто мора да оди кај рафтовите за машки играчки за да си најде играчка.
„Поделбата на играчките според социјален конструкт за тоа кои играчки се добри за определен пол, е антитезата на модерното размислување“, додал Ло во свое соопштение.
Според него, родовата категоризација кај играчките доведува до поголем родов јаз во науката, технологијата, инженерството и математиката, бидејќи играчките од овие полиња најчесто се сметаат за „машки“, додека играчките за девојчиња најчесто се кукли, бебиња, модни додатоци и предмети за идни домакинќи.
Федерацијата на потрошувачи во Калифорнија го поддржува законот. Оттаму изјавиле дека поделбата на играчките според полот помага да се затскрие фактот дека играчките за девојчиња се поскапи од играчките за машките деца.